ДС7 кросбек Елизе

Новата француска претседателска лимузина е – кросовер (ФОТО+ВИДЕО)

Лимузините на американскиот, рускиот и кинескиот претседател се веќе познати во светот на автомобилизмот, а сега на сцената стапи новото службено возило на претседателот на Франција.

 

Како други моќни држави со силна автомобилска индустрија и Франција за своите претседатели користи луксузни и прилагодени модели на некои од домашните автомобилски компании.

Овој пат изборот падна на луксузниот кросовер ДС7 кросбек Елизе, на домашната премиум марка кој ја продолжува традицијата на луксузните лимузини на Ситроен.

Специјалниот автомобил во кој ќе се вози Емануел Макрон е базиран на серискиот модел ДС7 кросбек Е-тенс 300, чие меѓуоскино растојание е продолжено за 200 милиметри, па вкупната должина на автомобилот изнесува 4.790 милиметри.

Тоа не е единствената промена во однос на серискиот модел, бидејќи претседателскиот кросовер има висок степен на балистичка заштита, ќе има знамиња на предниот дел, „флешери“ и специјална боја на надворешноста – мастило сина.

Во патничката кабина има две посебни фотелји со електрични нагодувања и безброј команди и додатоци за комфор.

Едно од нештата кои не се менувани во однос на стандардниот модел е плагин хибридниот погонски систем.

Составен е од пјуртек бензинец и му помагаат два електромотори, додека електричната енергија се чува во батерија од 13,2 киловат часови. Хибридниот систем овозможува погон на сите 4 тркала, а вкупната комбинирана сила на автомобилот е 300 коњски сили со вртежен момент од 520 њутнметри.

Бидејќи возилото е блиндирано, дополнителната маса влијае врз перформансите. Компанијата не ги објави податоците за забрзувањето, но сериската верзија на моделот ДС7 кросбек до 100 км/ч стигнува за 5,9 секунди.

Што се однесува до автономијата во чисто електричен режим, таа кај серискиот модел изнесува околу 60 километри.

ДС7 кросбек Елизе официјално беше претставено како ново претседателско возило на 11 ноември, кога во Европа се одбележува Денот на примирјето во Првата светска војна.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе