Нездраво брзиот голф „двојка“ стана уште побрз (ВИДЕО)

Првпат ве запознавме со овој неверојатен голф „двојка“ во 2013 година, кога имаше „само“ 1.150 коњски сили.

Премотајте нанапред неколку години и овој притаен ѕвер сѐ уште беснее по тркачките патеки и ги „гази“ суперавтомобилите во трки во права линија, сега со 1.233 коњски сили под хаубата.

При своето најново излегување во јавност, голфот на Боба моторинг успеа да мине 400 метри за 8,67 секунди при брзина од 281 км/ч, а за целосно да ја сфатите брзината ќе мора да се повозите со возачот во кабината додека тој ја ослободува вџашувачката моќ на голфот.

При последниот подвиг автомобилот забрза од 0-100 км/ч за само 2,9 секунди, од 100-200 км/ч за само 1,9 секунди и од 200 до 280 за 3,4 секунди. Тунерската гаража која стои зад оваа фасцинантна креација тврди дека без блокадите максималната брзина би изнесувала над 350 км/ч!

Можеби најмаркантното нешто кај овој голф е тоа што е целосно фабрички, и одвнатре и однадвор, а единственото нешто што ја оддава неговата моќ се тркачките гуми.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе