Субару продрајв 555 ВРЦ од 1994

Не знаел дека во гаражата имал култен рели автомобил вреден 300.000 евра (ФОТО)

Еден човек во Австралија бил пријатно изненаден кога се одлучил да го продаде својот стар субару импреза, кој веќе трипати менувал сопственик.

Се надевал дека можеби ќе добие дваесетина илјади австралиски долари. Меѓутоа, стариот автомобил кој со години собирал прашина, е продаден за околу 310 илјади евра (500 илјади австралиски долари) откако експертите откриле дека станува збор за еден од автомобилите со кои на Светското рели првенство во 1994 година управувале Колин Мекре и Карлос Саинц.

Вистинскиот идентитет и вредноста на автомобилот биле откриени откако сопственикот се решил да го продаде и го дал на проценка, тие веднаш ја процениле вистинската вредност на субаруто.

Автомобилот не бил во добра состојба, но бил опремен со оригиналниот дволитарски „боксер“ мотор со турбополнач и 6-брзински рачен менувач, со оригиналната сина надворешност.

Импрезата на аукцијата ја купил неименуван колекционер.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе