Најбрзиот ситроен СМ во светот се појави на годинешниот Вила д’Есте (ВИДЕО)

Моделите на Ситроен секогаш биле повеќе познати по својата генијалност отколку по перформансите, па затоа е многу чудно да се види модифициран примерок. Но овој поприлично преработен ситроен СМ од 1972 година достигнува брзина поприлично над 300 километри на час (325 км/ч) и годинава се појави на престижниот салон Вила д‘Есте.

Автомобилот оригинално бил направен за уривање брзински рекорди, а имал и соодветна СМ приколка за транспорт. За жал, не се знае што се случило со приколката. Уникатниот ситроен е направен од американскиот механичар Џери Хатавеј и по неколкуте обиди во 1980-тите, најголемата брзина со него всушност ја постигнала неговата сопруга Силвија.

Наместо оригиналниот V6 на Масерати кој имал помалку од 200 коњски сили, овој СМ има прилагодена верзија со два турбополначи и 537 коњски сили. Со брзината од 325 км/ч постигната на Солените рамнини во Боневил, САД, овој СМ важи не само за најбрз примерок на овој модел, туку и за најбрз ситроен во светот.

Можете детално да го разгледате автомобилот во видеото.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе