Како што соопшти компанијата, зголемувањето на производството е последица на порастот на побарувачката за легендарниот теренец во јануари.
Во првиот месец од оваа година продажбата на лада ница скокната за 27 отсто во споредба со јануари 2020 година.
Една од причините за порастот на популарноста на стариот теренец се крие во тоа што АвтоВАЗ повторно го доби правото да го користи оригиналното име „нива“, кое на рускиот пазар долги години го носеше кросовер на Шевролет.
Во тој период автомобилот кај нас познат како лада нива се продаваше под ознаката „4х4“.
Сега, кога руската компанија повторно има право да го користи оригиналниот назив на моделот кој се произведува од крајот на седумдесеттите години, решија да му ја додадат ознаката „леџенд“.
Со тоа на лада нива ѝ е продолжен животот барем уште некое време.