Мерцедес ја прослави 50-годишнината од своето прво експериментално безбедносно возило (ФОТО+ВИДЕО)

Мерцедес-бенц пред точно 50 години го претстави концептот кој требаше да ги направи патиштата побезбедни. А тогаш поприлично се гинело. За пример, во 1970 година само на патиштата во Западна Германија во сообраќајот загинале дури 19.193 лица, а слични рекордни бројки биле забележани и во други земји.

 

Затоа почнало да се размислува за новите безбедносни аспекти на возилата, а било формирано Европското здружение за унапредување на безбедноста на возилата (ЕЕВЦ).

Еден од активните учесници бил и Мерцедес и на барање на ЕЕВЦ развил експериментално безбедно возило.

Германската компанија во 1971 година го претставила своето прво такво возило, концептот ЕСФ 05. Основата бил моделот W114, а имал низа напредни иновации за тоа време. Без какви било оштетувања поднесувал удари и до брзина од 16 км/ч, а бил подложен на тестови на фронтален судир при 80 км/ч и страничен судир при 20 км/ч.

За автомобилот да ги задоволи високите стандарди за безбедност, Мерцедес дополнително ја зајакнал каросеријата, меѓуоскиното растојание е зголемено за 100 милиметри, а предниот браник е продолжен за 370 мм.

За да се добие деформациска зона, под хаубата е вграден V6 мотор. Автомобилот имал автоматски појаси со врзување во три точки, предни и задни воздушни перничиња, а имал и АБС.

Новина бил системот за чистење на предните светла за постигнување подобра видливост. На крајот ова возило било 655 милиметри подолго и 655 килограми потешко од стандардниот мерцедес W114.

Германската компанија вкупно произвела 35 безбедносни концепти, а последниот бил ЕСФ 2019 и се бавел со безбедносниот аспект на електричните погони.

За крај треба да се каже дека минатата година во Германија загинале вкупно 2.719 лица во сообраќајот. Драстично подобрување во однос на 70-тите години од 20 век, во што улога одиграл и безбедносниот концепт на Мерцедес.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе