143 милиони долари

Мерцедес 300 СЛР стана највредниот автомобил во светот, уривајќи го рекордот на Ферари (ФОТО+ВИДЕО)

Германската компанија Мерцедес-бенц потврди дека го продала најскапиот колекционерски автомобил во светот.

 

Многу редок модел на Мерцедес – СЛР купе од 1955 година, кој бил чуван во колекцијата на автомобилската компанија, му е продаден на приватен сопственик за 143 милиони долари (135 милиони евра).

Со таа сума, овој автомобил стана најскапиот некогаш продаден во светот, според Хагерти, компанија која ја следи вредноста на колекционерските автомобили.

Парите од продажбата ќе се искористат за основање глобален фонд на Мерцедес за стипендирање, се наведува во соопштението на компанијата.

Претходната рекордна цена за еден автомобил беше 70 милиони долари, а беше платена во 2018 година за моделот ферари 250 ГТО произведен во 1963 година.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе