Иако не е

Мазда3 турбо забрзува како вистински жесток хечбек – до 100 км/ч за 5,8 секунди (ВИДЕО)

Новата мазда3 турбо не е жесток хечбек, но очигледно, забрзува како спортски автомобил.

Иако во моментов пазарот на жестоки хечбеци цвета, Мазда реши да отиде во поинаква насока со мазда3 турбо. Наместо да брка тркачки перформанси и да прави компромиси на сметка на комфорот, како традиционалните жестоки хечбеци, се решија на моќен мотор, погон на сите четири тркала и шестбрзински автоматски менувач.

Моторот е 2,5-литарски турбобензинец со 250 коњски сили и вртежен момент од 434 њутнметри. Тоа, во комбинација со погонот на сите тркала и автоматскиот менувач, значи дека може да стигне до 100 км/ч за помалку од 6 секунди.

Кога е во спортски модус на возење, менувачот во авто, и со исклучена контрола на пролизгувањето, возачот може да стигне до 60 милји на час (96 км/ч) за 5,75 секунди. Ова време им конкурира на помоќните и покрути хонда сивик тајп Р и рено меган РС трофи, а е подобро од хјундаи и30 Н и фолксваген голф ГТИ. Што не е лошо за автомобил кој не е вистински дизајниран да се натпреварува со кој било од нив.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе