Македонска премиера на новата шкода фабија (ФОТО)

Дваесет и две години по првото деби на шкода фабија, импортерот за чешката марка Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа ем-кју-би-А0 на Фолксваген групацијата, новата фабија е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните карактеристики на марката Шкода, како одличната вредност за вложените пари, високото ниво на функционалност и бројните „едноставно умни“ решенија, ја прават новата фабија вистинска Шкода, порачува увозникот.

 

„Фабија е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн - со други зборови, сè што ви треба, и малку повеќе“. – изјави бренд менаџерот на Шкода Миле Станчев.

За прв пат, шкода фабија се базира на модуларната платформа ем-кју-би-А0 на групацијата Фолксваген, што овозможи уште поголем ентериер. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 милиметри, новата фабија е подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот - доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на платформа, новата фабија сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстата каросерија, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата фабија многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна ЛЕД технологија и кристални структури, го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Во Македонија достапни ќе бидат нивоата на опременост актив, амбишн и стајл во комбинација со два бензински мотори од сегашната генерација ЕВО на групацијата Фолксваген кои испорачуваат моќност од 65 коњски сили до 80 коњски сили. Со коефициент на воздушен отпор (cd) 0,28, фабија е најаеродинамичен автомобил во својата класа, што - заедно со опционален резервоар за гориво од 50 литри - овозможува опсег од повеќе од 900 км според циклусот ВЛТП.

Внатрешноста на фабија воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај фабија за прв пат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на  ветробранско стакло и греење на волан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај фабија. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај фабија е амбиенталното осветлување и за прв пат, двозонска автоматска клима.

Во моментот во понудата на достапни се два бензински агрегати во четвртата генерација на шкода фабија. Најновите ЕВО мотори на Фолксваген кои се достапни во фабија, се во согласност со строгиот стандард за емисии Еуро 6 АП.

Шкода има 22-годишно искуство во сегментот на мали автомобили. Од неговото лансирање на пазарот во 1999 година, хечбекот фабија е важен темел на успехот на чешкиот производител на автомобили, со повеќе од 4,5 милиони произведени единици. Тој е втор најпродаван модел на Шкода по октавија и едно од најпопуларните возила во неговиот сегмент.

Новата фабија е достапна во сите овластени продажно-сервисни центри на Шкода во Македонија, со почетна цена од 14.500 евра.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе