Во видеото, Каруау им поставува серија предизвици на новиот дифендер, Г-класата на Мерцедес и ренглерот на Џип, користејќи поени за да го утврди победникот.
Дифендер има 2,0-литарски четирицилиндерски дизел мотор со 240 коњски сили, Г350д има 2,9-литарски шестцилиндерски мотор со 286 коњски сили, и ренглер има 2,0-литарски четирицилиндерски бензинец со 272 коњски сили.
Првиот предизвик е трка по угорнина, и тука Г-вагенот завршува прв, дифендерот е втор а ренглерот е на трето место.
Вториот предизвик е обратен – трка по удолнина во која најбавниот победува. Овој тест ги проверува можностите на теренците да ја контролираат брзината при спуштање, и гледаме сосема спротивни резултати: џипот е прв, ленд роверот е на второ место а мерцедесот е трет.
Третиот тест ја проверува управливоста, во кој теренците треба да поминат низ офроуд патека што побрзо. Тука резултатот е речиси изедначен, но геландевагенот е прв, ренглерот втор а дифендерот трет.
Потоа следува тестот во искачување, а теренците треба да совладаат стрмен, каллив рид што побрзо. Мерцедесот тоа го прави без никаква мака, па следуваат дифендерот и ренглерот.
Следат уште две рунди тестирање, и сè на сè, мерцедесот завршува прв, а џипот и ленд роверот се во тесна борба за второто место. Сепак, мора да се истакне дека резултатите би можеле да бидат поинакви ако возилата се поидентични.