Рено 4Л електричен концепт

Легендарната „четворка“ за 60-годишнината доби верзија инспирирана од луксузните хотели (ФОТО)

За да ја прослави 60-годишнината на рено 4, легендарниот модел кој се продаде во 8 милиони примероци за 30 години, француската компанија се обратила кон дизајнерот Матју Леанур да направи своја визија на автомобилот. И резултатот е целосно електричен концепт инспириран од луксузните хотели.

 

Суит број 4 концептот е базиран на рено 4Л но наместо задни панели има пластични прозорци за патниците да имаат многу светлина. Покривот е, пак, прекриен со провидни соларни панели за дополнување на целосно електричниот погон кој го заменува стандардниот мотор.

За да се истакне фактот дека сега е електричен, традиционалната предна решетка на моделот е заменета со алуминиумски капак за да се добие флуиден изглед. Бојата, од друга страна, е дизајнирана за да даде поцврст изглед. Треба да изгледа како да е направен од бетон, што е алузија на дизајнерските трендови во модерната архитектура.

Во внатрешноста материјалите треба да дадат чувство на топлина. Предните седишта и инструмент таблата се прекриени со жолто кадифе, а задните седишта треба да изгледаат погрубо.

И багажникот минал низ голема трансформација, па сега има под од природни влакна и дрвена полица која може да биде отстранета за да се седи одзади кога багажникот е отворен. Рено соопшти дека сите материјали се добиени од врвни мајстори за мебел од Париз.

„Сакав да ги спојам светот на автомобилите со тој на архитектурата и да добијам соба со поглед кон небото“, вели Ленаур. „Дури подобар од најдобриот апартман, автомобилот е точно онаму каде што сакате вие – покрај море, среде поле, или низ сообраќајот на градот од вашите соништа“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе