Кунтач ЛП500

Ламборгини реконструираше дел од својата историја (ФОТО+ВИДЕО)

Додека некои го критикуваа Ламборгини за валкање на името кунтач со претставувањето на кунтач ЛПИ 800-4, кој одоздола е всушност авентадор, невозможно е некој да има забелешки за неодамнешното реконструирање на оригиналниот кунтач ЛП500 прототип од страна на компанијата.

 

Одличниот автомобил е создаден благодарение на Чентро стиле и Поло сторико одделите на Ламборгини за многу специјален колекционер. Тој е всушност прецизна реплика на оригиналниот кунтач ЛП500 прототип претставен во 1971 но подоцна уништен во 1974 година при судир за време на тестирање.

При создавањето на автомобилот во Ламборгини се анализирале документи, фотографии, извештаи за состаноци и скици на оригиналниот ЛП500 прототип и било користено и 3Д скенирање за реплицирање на дизајнот на автомобилот. Новиот кунтач има и нова шасија која е помодерна од цевчестата рамка од серискиот кунтач.

Исто како оригиналниот автомобил, реконструкцијата е опремена со V12 мотор со работна зафатнина од 4.971 кубен сантиметар, и звучи неверојатно. Ентериерот е исто така прецизна реплика на оригиналот и поприлично се разликува од серискиот кунтач благодарение на оригиналните инструменти, волан и седишта.

Останува нејасно колку чинел автомобил и иако во видеото е наведена сума од 2,64 милиони долари, најверојатно чинел повеќе од тоа.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе