Назад во иднината

Ламборгини го претстави кунтач ПЛИ 800-4, ретро хиперавтомобил за 21 век (ФОТО+ВИДЕО)

Ламборгини го покажа кунтач ЛПИ 800-4, хиперавтомобил во ограничена серија како омаж на еден од најкултните модели во историјата на Сант Агата, легендарниот кунтач. На време за 50-годишнината од суперавтомобилот, новата итерација го слави оригиналниот дизајн користејќи најсовремена технологија од моделот сиан, кој е дериват на авентадор.

 

Иако димензиите на авентадор се очигледни, и не баш во согласност со тие на оригиналниот кунтач, карбонската шасија на новиот модел се ганц нови, пренесувајќи ја суштината на кунтач кој се произведуваше две децении (1971-1990).

Како и сите нови модели од врвот на понудата на Ламборгини, ја задржува клинестата форма, аглестите површини и, нормално, вратите-ножици. Сепак, сите овие детали беа претставени на прототипот кунтач ЛП500 дизајниран од Марсело Гандини во 1971 година кога работеше за Бертоне и беа пренесени на серискиот ЛП400 претставен во 1974 година.

Како што може да се забележи од дизајнот, кунтач ЛПИ 800-4 ја дели механичката суштина со моделот сиан ФКП 37, кој беше претставен во 2019. Покрај карбонската монокок каросерија, го има истиот V12 благ хибрид мотор со малку зголемена моќност од 814 коњски сили пренесувана на сите четири тркала (од тука се 800 и 4 во името).

Ламборгини објави забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, од 0 до 200 км/ч за 8,6 секунди и максимална брзина од 355 км/ч. Новиот кунтач ќе биде произведен во лимитирана серија од 112 примероци. Цената сè уште не е објавена, но се проценува на најмалку 3 милиони евра.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе