Лада нива со 5 врати заминува во историјата

АвтоВАЗ планира во декември да го заврши производството на нива со 5 врати.

 

Љубителите на рускиот теренец сепак не мора многу да се загрижуваат бидејќи „обичната“ лада нива со 3 врати ќе продолжи да се произведува сè додека не стигне нејзиниот наследник, чија премиера е најавена за 2024 година.

Верзијата на новата со 5 врати, со фабричка ознака ВАЗ-2131, е една од разните варијанти кои се појавија во средината на деведесеттите.

И покрај тоа што овој модел нудеше повеќе простор за патниците на задните седишта, благодарение на значително поголемото меѓуоскино растојание, не се истакна со продажбата со само 100.000 примероци симнати од фабричките ленти од 1993 година, од вкупно 3 милиони продадени примероци на нива од 1977 година.

Факт е дека повеќе купувачи ја преферираат „класичната“ нива со 3 врати и со кратко меѓуоскино растојание, која е подобра при возењето надвор од асфалтот, полесна е и поекономична. А и посимпатична.

Производството на лада нива со 5 врати треба да заврши во декември.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе