Одбива да замине во пензија

Лада нива ја прославува 40-годишнината со специјални серии (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога станува збор за автомобилите од СССР, еден од првите кој доаѓа пред очи е лада нива.

 

Со својот сиров шарм и способноста да вози каде што ретко кој друг теренец може, нивата е присутна веќе 40 години, за време на кои, и покрај повремените подновувања, под „кожата“ остана речиси иста како на почетоците.

Сепак, 40-годипната значи дека Лада сепак морала да подготви нешто, и токму тоа и го направија – две специјални изведби на нивата, или 4х4, како што во моментов се вика: „едиција“ и „40-годишнина“, кои ќе бидат произведени во 1.977 примероци.

Првата верзија ќе може да се нарача во беж, црвена, бела, теракота или сиво-сина боја, а вклучени се и неколку подобрувања на внатрешноста, како кожен волан и седишта, специјална инструмент-табла и челични прагови, како и лого кој ќе потсетува на годишнината.

Што се однесува до изведбата „40-годишнина“, таа ќе биде обоена во камуфлажни бои, за првпат во историјата на култниот теренец, и ќе ги има истите специјални ознаки за годишнината што се прославува.

Специјалните изведби ќе почнат да се продаваат во јуни.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе