По повеќе од 40 години

Лада го најави првиот целосен редизајн на славниот теренец нива (ВИДЕО)

Наследникот на прославениот руски теренец стигнува во 2024 година.

Рено има големи планови за Лада, кои вклучуваат четири сосема нови модели до 2025 година.

Меѓу нив е и наследникот на легендарната нива, теренецот кој со помали или поголеми надградби се произведува повеќе од четири децении – со речиси непроменет надворешен дизајн.

Ако може да се оцени од дизајнерската скица, наследникот ќе биде визуелно помодерен, но ќе задржи одредени дизајнерски елементи на оригиналната нива.

Сепак, станува збор за дизајнерски цртеж со претерани детали, како огромните тркала. Но, лесно е да се забележи дека позицијата на предните трепкачи, позицијата на фаровите во рамката на предната решетка и аглестиот облик на каросеријата се омаж на дизајнот на оригиналната лада нива.

За разлика од актуелната верзија, новиот модел ќе има 4 врати во основната изведба.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе