Романците во офанзива

Концептот бигстер го најави новиот голем теренец на Дачија за 2025 (ФОТО+ВИДЕО)

Гласини за нов голем теренец на Дачија кружат со години, а романската компанија (преку сопственикот Рено) конечно им стави крај претставувајќи го концептот бигстер.

 

Студијата дава првичен поглед на вториот теренец на компанијата по дастерот, кој треба да биде претставен до 2025 година, според официјалниот распоред претставен од Рено групата, со два сосема нови модели кои треба да се појават во 2022 и 2024 година.

Долг 4,6 метри, бигстер е речиси исто голем колку кодијак на Шкода, кој има 4.697 милиметри, што значи дека 2 280 милиметри подолг од втората генерација на дастерот. Како резултат на тоа верува „многу просторен ентериер“, според компанијата, и би требало да има опција за трет ред седишта, но ова сè уште не е потврдено.

Силуетата не е далеку од таа на дастерот, но од аспект на дизајнот, бигстер не личи на ниту едно друго возило во понудата на Дачија. Има многу футуристички облик на светлата напред, дебела заштита на пониските делови на каросеријата направена од рециклирана пластика, мускулеста хауба, широки страни и задни светла во форма на буквата Y. Освен ако Дачија не нè изненади, би требало да се очекува помалку драматичен дизајн кога моделот ќе влезе во сериско производство по четири години.

Кросоверот ќе ја има ЦМФ-Б платформата, која веќе ја имаат најновите логан и сандеро, рено клио и каптур, и нисан џук и ноут. Моторите ќе бидат најавени со време, но би требало да има неколку бензински опции и барен еден хибрид.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе