Во салонот на Дачија

Комплетно новиот сандеро степвеј пристигна во Македонија (ФОТО)

Кога станува збор „паметно инвестирање“ и разумна форма на потрошувачка марката Дачија e предводник и усогласена со реалните очекувања на своите клиенти. Нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот, порачува Аутомотив груп.

Марката ја обнови својата понуда со нов градски автомобил кој го олицетворува ДНК-та на Дачија, а тоа е комплетно новиот сандеро степвеј - авантуристичката верзија на моделот сандеро која  претставува 65% од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.

И новиот модел на Дачија пристигна во Македонија.

Со поголемо растојание од подлогата, сандеро степвеј е разноврсен авантурист во  семејството на Дачија. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација  го  издвојува од потполно новиот сандеро и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-та на новиот сандеро степвеј, вели компанијата.

Потполно новиот сандеро степвеј е веднаш препознатлив по предниот дел,  уникатниот преден дел, хромираното лого на степвеј под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла. Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана да ја заштитува оригиналната боја од секојдневните гребнатини.

Потполно новиот сандеро степвеј се карактеризира со основни дизајнерски елементи на  кросоверите - подигнато растојание од земја од 174 милиметри (41 милиметар повеќе во споредба со обичниот сандеро, пред сè поради поголемите тркала), држачи на кровот со  лого, специјално обложено и зајакнато дно на вратите.

Новиот сандеро степвеј нуди три различни мултимедијални системи: медија контрол, медија дисплеј и медија нав.

Повеќе за новиот сандеро степвеј на Дачија тука.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе