Колку можат најновите електрични автомобили навистина да поминат со едно полнење (ВИДЕО)

Проблемот со радиусот на движење е една од најголемите пречки за купување електрично возило, иако повеќето модерни електрични автомобили можат да поминат многу повеќе со едно полнење од постарите модели.

EPA-EFE

Но, како што откри Уат кар?, има голема разлика меѓу актуелните автомобили на струја во смисла колку далеку можат да извозат, колку вистинскиот радиус одговара на официјалните бројки, и колку се ефикасни во смисла на поминати километри во односно на потрошената енергија во киловат часови.

Британскиот магазин одбра десет од најновите и најпопуларни електрични модели достапни во Европа, вклучувајќи ги мазда МХ-30, фолксваген ИД.3, киа е-ниро, форд мустанг мах-е, ауди кју-4 е-трон и тесла модел 3, и ги возеле до целосно истрошување на енергијата.

Не изненадува тоа што мазда МХ-30 прва „пуштила душа“, бидејќи ја има најмалата батерија од групата, откажувајќи се по само 185 километри, во според со декларираните 200 км според ВТЛП циклусот.

Новиот фиат 500е уште повеќе уште повеќе разочарал. Можеби возел подолго од маздата, со поминати 225 километри, но Фиат тврди дека може да вози до 318 километри.

На врвот, најефикасен се покажал тесла модел 3, со 6,6 километри на киловат час, но остварил само 457 километри наспроти декларираните 576 според ВТЛП.

Но крал на радиусот е форд мустанг мах-е со батерија од 88 киловат часови. Тој бил најмалку ефикасен и не се ни приближил до декларираните 610 ВТЛП километри, но успеал да извози 486 км.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе