Фотографиите од специјалното издание на голф ГТИ се појавија онлајн пред неколку дена, но сега се објавени сите информации.
Базиран на фолксваген голф ГТИ клубспорт, новата специјална серија „клабспорт 45“ има уникатен изглед кој вклучува црн покрив и соодветен спојлер на него, ексклузивниот рејс пакет, како и 19-инчни тркала со црна боја и црвена лента. Има и соодветни ознаки „45“.
Рејс пакетот вклучува спортски издувен систем и не го вклучува електронското ограничување на максималната брзина на 250 км/ч. Новиот голф ГТИ клубспорт 45 има сериски матрикс ЛЕД предни светла со црвена лента.
Под каросеријата сè останува исто како и во стандардниот голф ГТИ клубспорт. Ова значи 2,0-литарски турбобензинец со 296 коњски сили, во комбинација со седумбрзински автоматски менувач со двојна спојка, погон на предните тркала и забрзување од 0 до 100 км/ч за 6 секунди.
Новиот голф ГТИ клубспорт 45 ќе почне да се продава во избрани европски држави на 1 март, а цените почнуваат од 47.790 евра на домашниот пазар во Германија.