Фиат 500 е „кабриолет на годината“ и „најдобар мал електричен автомобил“ за Уат кар? магазинот

Новиот фиат 500 доби нова награда во Британија, и овојпат е прогласен за „кабриолет на годината“ и „најдобар градски електричен автомобил“ од страна на магазинот Уат кар? во доделувањето за „Автомобил на годината 2021“. Жирито како позитивни нешта ги издвои управување, стилот на возење, радиусот со едно полнење, цената и освежениот ентериер. Ова е воедно првпат електричен автомобил да ја добие наградата „кабриолет на годината“.

Новиот фиат 500 е првиот целосно електричен модел на Фиат Крајслер групата (ФЦА). Батеријата од 42 киловати гарантира радиус до 320 километри според ВЛТП циклусот, кој се зголемува на 450 километри во градски услови, и доаѓа со полнач од 85 киловати како стандард. Потребни се само 5 минути да се наполни за возење до 50 километри, што се смета за повеќе од доволно за просечна дневна употреба. Брзиот полнач може да ја наполни батеријата до 80 отсто за само 35 минути. Што се однесува до перформансите, има електричен мотор од 118 коњски сили кој овозможува автоматски ограничена максимална брзина од 150 км/ч, забрзување од 0-100 км/ч за 9 секунди и од 0 до 50 км/ч за 3,1 секунда.

Наградите добиени од Уат кар? го дополнуваат шкафчето со трофеи на фиат 500, во кое веќе се „Зелен автомобил“ од Француските автомобилски награди 2020 и „Автомобил на годината на најдобар мал електричен автомобил“ од Драјвинг електрик, специјализиран британски сајт. Покрај овие престижни награди, 500 ја доби и наградата за најдобар дизајн минатата година од германскиот магазин Ауто мотор унд шпорт, и најдобар дизајнерски концепт од престижните меѓународни дизајнерски награди Ред дот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе