На почетокот со два модели

Електрификација на Ситроен во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Повеќе од еден век Ситроен е еден од главните играчи во пренесувањето на врвната технологија поблиску до широката публика. Со менувањето на потребите во автомобилизмот, сега Ситроен и кај нас нуди модели со целосно електричен погон, како и плагин хибридни модели.

 

Електрификацијата на Ситроен кај нас почнува со два модели – хибридниот кросовер Ц5 еркрос и целосно електричниот е-Ц4.

Новиот Ц4 веќе добро го знаеме во бензинска и дизел верзија, а сега доаѓа со целосно електричен погон. Станува збор за моќност од 136 коњски сили и радиус на движење од 350 километри. Електричниот погон е само јаготката на шлагот, бидејќи електричниот Ц4 ги има сите позитивни страни на „обичниот“ Ц4 – комфорното возење, францускиот шик сите модерни технологии.

Вториот модел со кој Ситроен го поддржува возењето на струја кај нас е новиот Ц5 еркрос хибрид. Големиот кросовер „под хаубата“ има комбинација од турбобензинец со 180 коњски сили и електромотор за дополнителни 110 коњски сили. Вкупната моќност е солидни 225 коњски сили.

Електричниот Ц4 можете да го купите од 37.900 евра па нагоре, додека цените на електричниот Ц5 еркрос почнуваат од 41.990 евра.

Повеќе детали можете да дознаете на сајтот на Ситроен - за е-Ц4 и за Ц5 еркрос хибрид.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе