Мустанзите „Еленор“ станаа исклучително посакувани и има голем број копии на пазарот, дури и покрај тоа што компанијата која ги има правата на името „Еленор“ успеа да ги редуцира. Но, овој примерок е вистинското нешто.
Сè на сè 11 мустанзи „Еленор“ беа произведени од Синема виекл сервисис за филмот, а три од нив „глумеа“ во него. Ова е еден од нив и се продава од страна на Кром карс за непозната сума.
Според продавачот, овој примерок бил купен во Соединетите Американски Држави и бил увезен во Европа. Сите 11 примероци од филмот биле базирани на нормални форд мустанг фастбек модели од 1967/68, но само три од нив биле надградени со амортизери на нагодување, задна оска од линколн и V8 мотор со 5,7 литри (351 кубен инч) на Форд. Повеќето автомобили користени во снимањето биле уништени, вклучувајќи го и специјалниот „брз“ примерок кој имал V8 со зафатнина од 6,4 литри (390 кубни инчи) кој бил користен во сцените со возење.
Останува да видиме за колку ќе биде продаден овој редок мустанг, но во јануари еден од овие автомобили во САД се продаде за 852.500 долари на аукција.