Новиот кодијак и редизајнираната октавија

Двата главни модели на Шкода пристигнаа во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Порше Македонија, за љубителите на квалитетни автомобили со пристапни цени, претстави уште два нови прекрасни модели, со што и официјално започна продажбата на новиот шкода кодијак и новата шкода октавија во Македонија. Најновите модели на Шкода ги пренесуваат сите предности на брендот: модерен дизајн, карактер, извонреден внатрешен простор, практичност и иновативна технологија, која единствено може да се најде кај повисоките класи на возила.

 

„Глобалниот пазар наметнува едно силно темпо кое ние постојано го следиме во чекор, и кое е причина што новитетите кај нас никогаш не изостануваат. Напредната технологија и новите модели ги добиваме паралелно со нивните европски премиери и ви ги испорачуваме во истиот миг. За вас секогаш го испорачуваме најдоброто, последната технологија, најновиот дизајн, за вас критериумите ги поставуваме секојпат повисоко и одиме чекор подалеку, планираме повеќе отколку што замислувате, а достигнуваме и повеќе отколку што очекувате“ - изјави генералниот менаџер на Порше Македонија Златко Муцунски посакувајќи им добредојде на присутните. „Денес ќе ви пружиме не едно туку две нови задоволства. Таа, октавијата- елегантна, атрактивна и освежена ќе ги измами вашите воздишки на прв поглед. Тој кодијакот - моќен, впечатлив и самоуверен ќе ве освои и поведе во нови авантури”.

„Шкода со првиот голем кросовер влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на клиенти. Новиот модел на Шкода е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, поголемата удобност, безбедност и информации во реално време. Технологијата која се вградува во кодијак е својствена за повисоката класа на возила, затоа новиот кросовер на Шкода е на врвот во својот сегмент. Кодијакот нуди повеќе од 30 „едноставно паметни“ (Simply Clever) решенија, од кои седум се сосема нови“, истакна Миле Станчев бренд менаџер за Шкода. „Особена чест ми е да ви ја претставам и новата шкода октавија која ја започнува третата декада од својата успешна приказна со докажани предности и нови квалитети. Сеопфатното освежување на чешкиот бестселер се истакнува преку впечатливиот дизајн, рафинираниот амбиент и големината на внатрешниот простор“

Кодијак ги нуди сите предности на брендот: добро обмислена функционалност, супериорен внатрешен простор и одлична вредност за парите. Најголем багажник во однос на конкуренцијата и опционален трет ред на седишта го прават новиот кросовер идеален придружник кој ги задоволува секојдневните барања. Шкода кодијак е супериорен и кога станува збор за системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето, моделот докажува дека Шкода има многу иновативни решенија, нудејќи технологија својствена за повисоката класа на возила, затоа кодијак е на врвот во својот сегмент. Тој го пренесува новиот дизајнерски јазик во СУВ сегментот (спортски и практични возила), а со тоа ја засилува емотивната моќ на брендот. Теренецот е погоден за бизнис патувања, но и за семејни дружења во слободното време, тој со леснотија вози надвор од патот. Опремата варира во зависност од трите нивоа на опременост –актив, амбишн и стајл. Кодијак е долг 4.697 мм, широк 1.882 мм и 1.676 мм висок, меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 мм. Кодијак вози на ем-кју-би платформата на Фолксваген групацијата, а лесната конструкција игра важна улога. Јасниот надворешен дизајн е пренесен и во внатрешноста: двојните линии, со нивниот тридимензионален изглед ја истакнуваат инструмент таблата.

Со лансирањето на новиот шкода кодијак се вградуваат пет мотори, два дизел ТДИ и три бензински ТСИ мотори, со капацитет од 1,4 до 2,0 литри и моќност која

се движи од 125 коњски сили до 190 коњски сили. Моторите со турбо полнач ги исполнуваат ЕУ6 стандардите. Кодијак во зависност од моторот е достапен со повеќе различни менувачи – 6-брзински рачен менувач или ДСГ менувач со шест или седум брзини. Новиот 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка за прв пат се вградува со моќните мотори на Шкода со вртежен момент до 600 њутнметри.

Шкода октавија ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше претставен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата. Измени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи октавијата да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите ЛЕД светла се достапни со нивото на опрема амбишн. Покрај видливиот дел кај новата шкода октавија вградени се нови квалитетни материјали, и широка понуда на мотори: четири ТСИ бензински и четири ТДИ дизел мотори, ДСГ менувачи како опција се достапни за речиси сите мотори, а има и  нов мултимедијален систем, шкода конект - интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „едноставно паметни“ решенија за секојдневна практичност.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе