Чешката полиција со запленето ферари ќе ги лови возачите кои дивеат по автопатите (ВИДЕО)

Ферари запленет од криминалци чешката полиција ќе го употреби за гонење на „најагресивните возачи“ на автопатите во земјата. Сребрениот ферари 458 Италија, кој нов чини нешто под 200.000 евра, може да постигне брзина до 325 километри на час.

Сега има сини и жолти ленти како секој друг чешки полициски автомобил, но само специјално обучени полицајци смеат да седнат зад неговиот волан. Трошокот за пренамена на спортскиот автомобил за полициска употреба бил нешто под 14.000 евра, според чешките медиуми.

Шефот на одделот за сообраќај на чешката полиција Јиржи Зли кажа дека ферарито е запленето од криминалци и дека ќе се користи за повеќе задачи, како „потера по крадливците на автомобили кои минуваат низ Чешка бегајќи од соседни земји“.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе