Автомобилски отпад во Дубаи: еден до друг ферари, ламборгини, ролс-ројс (ВИДЕО)

Имајќи предвид дека на улиците на Дубаи можат да се видат неверојатен број суперспортски и суперлуксузни автомобили, не изненадува премногу што и на автомобилските отпади е слична сликата.

Printscreen

Вистинска реткост е да се видат ролс ројс реит, ламборгини гајардо, мерцедес-АМГ ГТ С, ферари калифорнија Т, бентли бентјага и мерцедес-АМГ Г63 еден покрај друг, па уште на автомобилски отпад.

И додека некои од овие автомобили се отпишани поради преголеми оштетувања, други, како на пример белиот ферари калифорнија Т од почетокот на снимката, изгледаат нечепнати, па се претпоставува дека или се запленети или напуштени од сопствениците.

Ферари калифорнија Т во Обединетите Арапски Емирати чини околу 100.000 долари, додека на отпадот на аукција со малку среќа може да се добие за половина од таа сума.

Легенда под Главна слика

Printscreen

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе