Автомобилот за кој Џереми Кларксон најмногу жали што го продал (ВИДЕО)

Моделот 3.0 ЦСЛ (Е9) е еден од најкултните автомобили кои БМВ ги направил и Џереми Кларксон бил сопственик на еден. Меѓутоа, тој се разделил од својот примерок за безбначајна сума пари и вели дека тоа е автомобилот за кој најмногу жали што го продал.

Во новото видео на Драјвтрајб, ководителот на Гранд тур откри дека го продал автомобилот за околу 3.000 фунти. Тој не откри кога тоа се случило, но ако го зачувал до денес лесно би можел за него да добие шестцифрена сума, бидејќи некои добро зачувани примероци достигнуваат цена од 200.000 долари. Според Кларксон, продавањето на автомобилот за 3.000 фунти било „идиотско“.

БМВ го направи 3.0 ЦСЛ како хомологациски модел за да може да учествува во Европскиот шампионат на патнички автомобили. ЦСЛ се разликува од другите 3.0 модели по потенките челични панели за да се намали тежината. Вратите, хаубата и багажникот се направени од алуминиум, додека страничните прозорци се заменети со пластични. Беа произведени само 1.265 примероци, од кои во Британија само 500, што значи дека Кларксон бил сопственик на прилично редок автомобил.

Примероците произведени во 1972 година имаа 3,0-литарски шестцилиндерски мотор, а тие произведени во 1973 имаа поголем 3,2-литарски мотор со 203 коњски сили.

Кларксон во видеото зборува на други теми и кажува дека бентли континентал ГТ и рејнџ ровер се меѓу неговите омилени неспортски автомобили. Кажува и дека никогаш нема да купи електричен автомобил.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе