Аурус командант – рускиот Ролс Ројс (ФОТО+ВИДЕО)

Руските олигарси ги израдуваа добри вести откако Аурус го претстави сосема новиот комендант. Дизајниран да пружи „беспрекорна удобност на секое патување“, комендант е ултралуксузен кросовер во стилот на бентли бентега и ролс ројс калинан.

 

Сличноста со вториот е толку впечатлива бидејќи комендант има масивна предна решетка со ЛЕД фарови и големи отвори за воздух.

Дека моделот на Ролс Ројс е очигледна инспирација потврдува и профилот каде до израз доаѓаат масивните тркала кои можат да бидат од 20 до 22 инчи.

Што се однесува до големината, комендант е долг 5.380 милиметри, широк е 2.004 милиметри и висок е 1.820 милиметри, со меѓуоскино растојание од 3.100 милиметри.

За бројките да добијат перспектива, рускиот кросовер е 39 милиметри подолг од ролс ројс калинан, но има за 195 милиметри пократко меѓуоскино растојание.

Внатрешноста е суперлуксузна, со скапи материјали и украсни детали од дрво и метал.

Има дигитална инструмент табла, широк екран на мултимедијалниот систем и неизбежниот, за ваквите модели, аналоген часовник.

Идните сопственици ќе уживаат во четиризонскиот клима-уред, амбиенталното осветлување, држач за чаши кој се грее/лади и безжични полначи за паметни телефони.

Поради тоа што станува збор за кросовер за најбогатите, позади наместо клупа има две посебни фотелји кои се греат, вентилираат и масираат.

Разделени се со широка централна конзола која содржи масички на склопување и мини-бар со фрижидер.

Аурус наведе дека купувачите може да го персонализираат своето возило бидејќи компанијата нуди индивидуални бои, гравирање на праговите и специјален вез на потпирачите за глава. Купувачите може да одберат и специјални фурнири и уникатни украси.

Во срцето на хибридниот погон е 4,4-литарски V8 твин-турбо мотор со 598 коњски сили и вртежен момент од 880 њутнметри. Поврзан е со деветбрзински автоматски менувач и стандарден систем за погон на сите четири тркала.

Оваа конфигурација му овозможува на комендант, кој е тежок 3,235 килограми, да забрза од 0-100 км/ч за 6,5 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 220 км/ч. И покрај хибридниот погон, кросоверот има просечна комбинирана потрошувачка на бензин од 18,5 литри на 100 километри.

Меѓу поважните карактеристики е прилагодливата воздушна амортизација која обезбедува максимално растојание од тлото од 260 милиметри.

Цените почнуваат од 33,7 милиони рубли, што е околу 590.000 евра. Комендант е прилично скап, имајќи предвид дека ролс ројс калинан чини околу 350.000 евра.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе