Новиот директор на марката

„Алфа ромео продава автомобили, а не ајпади на тркала“

Новиот директор на Алфа ромео, Жан Филип Импарато изјави дека смета дека автомобилите на Алфа треба секогаш да бидат насочени кон возачот, што значи дека би требало да ги имаат најмалите можни екрани.

„Алфа ромео има специјална позиција во автомобилскиот свет. Возачот е централната фигура, и околу него има најмал можен број екрани. Не продаваме ајпад со автомобил околу него, продаваме алфа ромео“, кажа Импарато.

Дури и во ерата на преминување на електрични автомобили, директорот на италијанската марка планира да продолжи да испорачува привлечно возење и фокус на автомобилот околу возачот, кои ги смета за клучни за успехот на оваа култна марка.

Импарато веќе донесе некои големи одлуки за Алфа. Некои од нив вклучуваат откажување од „Џорџо“ платформата со заден погон во корист на СТЛА архитектурата на Стелантис. Станува збор за платформа развиена за претстојните лимузини и кросовери на Масерати, па со неа се очекува и големо количество возачки шарм.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе