Шалом: Историски факт е депортацијата на Евреите од бугарската пронацистичка власт

 

Депортација на Евреите во Скопје

Претседателот на Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“, Максим Бенвенисти, официјално ја соопшти позицијата на оваа организација во однос на судбината на Евреите под бугарска власт за време на Холокаустот во Европа.

„За време на Втората светска војна бугарските Евреи се спасени од депортацијата во нацистичките логори на смртта. Спасувањето беше дело на поголем дел на бугарскиот народ, на Бугарската православна црква и на бугарската нефашистичка јавност. За овој акт бугарските Евреи секогаш ќе бидат благодарни.

Депортирањето на Евреите од Беломорска Тракија, Вардарска Македонија и градот Пирот за време на Втората светска војна  е историски факт што не може да се негира. Ние, бугарските Евреи, жалиме за невините жртви и секогаш ќе им оддаваме соодветна почит.

Виновници за депортирањето на Евреите од овие територии се германските власти, заедно со бугарската профашистичка влада, како и неспротивставувањето на месното население. Бугарската влада еден ден, кога и каде таа нека процени, ќе треба да ја преземе моралната одговорност за дејствувањето на тогашната пронацистичка власт кон Евреите во перидот од 1941 до 1943 година.

Историските факти за судбината на Евреите во време на Втората светска војна во Бугарија и во земјите администрирани од бугарската пронацистицка власт не смеат да бидат повод за антибугарска пропаганда“, го пренесува бугарската агенција Фокус соопштението на „Шалом“.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе