Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку

Во македонските основни училишта за последниве 10 години се намалил бројот на учениците за дури 46.500. Или за 10 години за 19 отсто има помалку основци во образованието, кое е законска обврска (основно и средно).

Годинава се запишале вкупно 198.856 ученици во основното образование. Пред десет години оваа бројка беше 246.773 дечиња.

Ако се гледаат податоците по општини, бројките се различни. На пример најголем пад во бројот на нови учесници по основните училишта има во општината Осломеј, за дури 36,8 отсто (во 2007 година во оваа општина имало 903 ученици во основното образование, а во 2011 година 553). И во општината Зајас има пад од 35,5 отсто (во 2007 година во оваа општина имало 1.108, а во 2011 715 основци). И општина Другово е во друштвото со пад на основци повеќе од 30 отсто (во 2007 година 250, а за оваа учебна година запишани ученици во основното образование се 173).

Наспроти овие, има општини каде што бројот на основците расте – општината Аеродром за 9,9 отсто (во 2007 запишани биле 5.882, а во 2011 6.466), во Конче бројот пораснал за 6,5 %, во Василево за 4,4 %...

Причините за ова се сведуваат на еден збор – егзистенција. И за внатрешните преселби од општина во општина и за преселбите во странство главната причина е барање работа и подобар живот.

Податоците се преземени од http://pravodaznaes.mk/

Времената окупација на АР Крим од Русија доведе до масовно и систематско прекршување на човечките права на Кримскиот полуостров.

повеќе

А сообраќајот не е игра и место за навивачка еуфорија.

повеќе

Дозволете да дадам свој краток осврт за Американците-едукатори кои минатата недела беа во нашата држава за да ги едуцираат нашите доктори, дефектолози, психолози, останати професионалци и се разбира родителите на децата со аутистичен спектар на нарушувања.

повеќе