Пет македонски филмoви на фестивал во Турција

Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ, кој почна вчера, а ќе трае до 9 февруари во Истанбул, Турција.

На фестивалот ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни  филмови, а од Македонија ќе се прикажат краткометражните филмови на Игор Алексов,  Марко Ѓоковиќ, Саша Станишиќ, Елизабета Конеска и на Стефан Сидовски.

Учесниците и посетителите на фестивалот исто така ќе можат да учествуваат на предавања на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе