Ни конзервативците не се тоа што беа: британскиот парламент ги одобри геј-браковите


Предлогот на британскиот закон што овозможува легализација на истополовите бракови од 2014 година вчера бил прифатен со мнозинство во парламентот. Според овој закон истополовите бракови можат да бидат склучени граѓански или црковно, нормално доколку одделните вери тоа го прифаќаат. Геј двојките ќе ги имаат сите права што ги имаат хетеросексуалните брачни двојки, а државата ќе им ги признава и браковите што биле склучени надвор од Британија пред стапувањето на овој закон на сила.

Законот минал со 400 гласа за и 175 против. До стапувањето на овој закон во сила има уште неколку инстанци, но главниот дел е завршен. Ако законот конечно стапи во сила, Велика Британија ќе биде 11-тата земја што ги легализирала геј-браковите.

Треба да се истакне дека лидерот на Конзервативната партија и актуелен премиер на Велика Британија Дејвид Камерон јавно го поддржа нацрт-законот, исто како и министерот за финансии Џорџ Озборн, министерот за надворешни работи Вилјам Хејг и министерката за внатрешни работи Тереза Меј, но голем дел од конзервативците биле против. Имено, тие се плашат дека овој закон ќе им наштети во трката за парламентарните избори во 2015.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе