Македонското новинарство продолжува стрмоглаво да паѓа, Македонија последна во регионот по слободата на печатот

Стрмоглав пад доживеа македонското новинарство на последната ранг листа за слободата на печатот направена од светски познатата организација Репортери без граници.

Според листата, Македонија се најде на 116 –тото место на листата, за разлика од лани кога беше рангирана 94-тото место според слободата на печатот. Освен во Македонија, новинарството големи падови бележи уште во Унгарија, Грција и Бугарија, а како најпозитивен пример во регионов е посочена Србија која се наоѓа на 63 – тото место од вкупно 179 рангирани држави од цел свет. Македонија е најслабо рангирана од сите земји во регионот.

Како држава со најголема слобода на печат е посочена Финска, а веднаш по неа следуваат и останатите скандинавски држави. Според Репортери без граници, слободата на новинарството е најзагрозена во Еритреја.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе