Србија сè повеќе притиска за пловниот канал Белград - Солун

Министерот на Србија Милан Бачевиќ вели дека изградбата на пловниот канал од Белград до Солун не е прескапа инвестиција и најавува дека наскоро на оваа тема ќе има разговори со претставници на Македонија и на Грција.

По враќањето од Кина министерот Бачевиќ за РТЦ изјави дека јавната расправа за просторниот план за пловниот канал Белград – Солун, односно Дунав-Морава-Вардар, мора да почне до јули. Тој најави дека наскоро ќе ја посети и Македонија, а потоа за овој „проект на векот“ ќе разговара и со владини претставници на Грција.

За Бачевиќ, министерот за природни богатства, рударство и просторно планирање, овој проект е од стратегиско значење и за Србија и за Македонија и за Грција. Тој не се сомнева дека овие разговори ќе завршат позитивно затоа што пловниот канал до Солун е неопходен за сите.

Милан Бачевиќ

Бачевиќ пред два дена во Пекинг го потпиша договорот за изработка на студија за изградба на пловниот „Канал Морава“ со претседателот на кинеската компанија „Гежуба“ (China Gezhouba Group Corporation) Жен Ќиенгу.

Со овој канал реката Дунав пловно би се поврзала со реките Морава и Вардар, сè до пристаништето во Солун, а тоа значи пловно поврзување и со системите Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла и Сена и Рона.

Должината на каналот е 655 километри, процената за чинењето на овој проект е околу 12 милијарди евра, а првичните пресметки оделе и до 17 милијарди евра.

На средбата на премиерите на Македонија и на Србија, Никола Груевски и Ивица Дачиќ, беше отворено и ова прашање. Во понеделникот Груевски изјави дека проектот содржи голем економски потенцијал, но треба да се утврди неговата исплатливост.

Ако се покаже дека проектот е оправдан, ќе работиме на негова реализација, иако сме свесни дека станува збор за голем проект што бара многу анализи и средства и ќе претставува еден од најголемите проекти што би се граделе во Европа. Тоа засега е идеја и ќе видиме дали ќе може да се реализира“, рече Дачиќ.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе