Отворена нова поставка во музејот на Старата скопска чаршија (ФОТО)

Денеска се отвори постојаната музејска поставка на експонати од старите скопски занаети, сместена во музејот на Старата скопска чаршија, депанданс на Музеј на град Скопје (сместен во просториите на Сули-ан, Стара чаршија). На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој ја прогласи поставката за отворена, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова.

„Задоволство ми е што денеска присуствуваме на отворањето на обновената и дигитализирана поставка во која влегуваат и обнова на ентериерот на музејските простории и обнова на изложениот материјал и музејската поставка. Ова е доказ за залагањата на Град Скопје за развој на повеќе сегменти од културата и тоа: обнова и осовремување на градските културни установи, промоција на културата во Старата скопска чаршија и секако придонес кон развој на културниот туризам, што е во согласност со Стратегијата за развој на културата на Град Скопје во периодот 2012-2015 година“, истакна градоначалникот Трајановски.

Во 2011 и во 2012 година се реновираше и адаптираше просторот за музејската поставка, сместена во Музеј на Старата скопска чаршија, а Градот Скопје за оваа намена од буџетот издвои 3,4 милиони денари.

„Во оваа пригода би сакала да го изразам моето задоволство што присуствуваме на отворањето на оваа постојана поставка, сместена во најавтентичното јадро во нашата метропола, а тоа секако е Старата скопска чаршија. Ова е уште еден од низата успешни проекти за реставрирање на Старата скопска чаршија што ги реализира Министерството за култура и Градот Скопје, а посетителите можат да видат вредни експонати што беа пронајдени во низата истражувања на скопското кале, збогатени со ликовните дела на нашите најголеми уметници, како Коџоман, Мартиновски, Пандилов и други“, изјави Милевска.

Поставката се состои од археолошки, историски и етнолошки дел и е придружена со уметнички дела инспирирани од мотивите на чаршијата со дела од Мартиновски, Пандилов, Владимирски, Коџоман, Анастасов, Мазев, Перчинков....

Овој музеј ќе биде центар преку кој туристите и граѓаните ќе ја осознаваат богатата историја на чаршијата и нејзиното функционирање низ вековите.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе