Господарите на струјата во Македонија лани свртеа 170 милиони евра!

Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија и ГЕН-М и двете продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја

ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата МКД.МК ја направи врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија.

Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра

Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори.

Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа?

Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса.

Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто.

МКД.МК

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе