„Балкан енерџи груп“ ќе произведува, дистрибуира и снадбува топлинска енергија за Скопје

Првите стотина договори на вработените во „Топлификација“ за префрлање во „Балкан енерџи груп“ во текот на денот се веќе потпишани. Руската компанија „Балкан енерџи груп“ од утрово почна да ги презема вработените во „Топлификација“ и да потпишува петгодишни договори со нив. Ова значи дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) реши трите лиценци (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија) да ги додели на „Балкан енерџи груп“.

Првичните неофицијални информации дека „Топлификација“ преку „Дистрибуција на топлина“ ќе го управува системот, а Русите може да ги наплаќаат сметките и да го организираат снабдувањето со топлина се покажаа дека се неточни. Во игра беа и државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО, кои преку фирмата „ЕЛ-МЕ“ се претпоставуваше дека ќе го финансираат производството на топлинска енергија за Скопје (за повеќе од 50 илјади корисници).

Викендов двете компании, „Топлификација“ и „Балкан енерџи груп“ забрзано го подготвуваа примопредавањето на работата. Сите вработени од „Топлификација“ преминуваат во „Балкан енерџи груп“, освен дел од менаџерите кои во иднина ќе располагаат со дел од киријата која „Балкан енерџи груп“ ќе ја плаќа за закуп на објектите (управна зграда, топлани, дистрибуцијата...).

„Балкан енерџи груп“ е основана од производителот на топлинска и електрична енергија ТЕ-ТО (руска компанија „Синтез“) од Скопје. Руската компанија „Синтез груп“ на полето на енергијата (гас, нафта и електрична енергија) работи веќе 25 години, свои инвестиции има во Европа, Азија и во Африка, каде работат повеќе од 10.000 вработени. Во моментов Синтез груп се натпреварува за преземање на грчката државна компанија за снабдување со гас ДЕПА.

Сопственик на Синтез груп е Леонид Лебедев, член на рускиот парламент.

А.Д.

Ситуацијата кардинално се измени.Руската Федерација од скриена војна премина во дрска вооружена инвазија на територијата на Украина.

повеќе

Сметам дека во одредени свои делувања претседателот на ОМД Мето Колоски го губи компасот и делува дезорганизирано и со матна цел, а последнава тркалезна маса е пример за ова.

повеќе

Кај нас е малку поинаку бидејќи Балканот е светски рекордер по „различна историја на еден квадратен метар“. Но не секоја историја е историја, иако секоја историја станува историја.

повеќе