Нов бизнис на тенисерот: Ѓоковиќ ќе продава магарешко сирење!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, од следната година ќе влезе во делумно чуден бизнис како ексклузивен продавач на сирење произведено од магарешко млеко.

Идејата да се вкуси магарешко сирење за многумина е далеку од привлечна, но добрите познавачи велат дека станува збор за редок деликатес, за кој гурманите се спремни да платат дури 800 фунти за еден килограм. Поради тоа, Ѓоковиќ постигнал договор со единствената фарма во светот, која се наоѓа на 70-тина километри западно од Белград, каде што магарешкото млеко се користи за правење сирење. Причината за високата цена на магарешкото сирење е фактот што се потребни дури 25 литри свежо млеко од магаре за да се добие само еден килограм сирење.

Се очекува овој специјалитет да биде една од атракциите во синџирот ресторани што Ѓоковиќ планира да ги отвори низ цела Србија. Засега, сепак, не е познато колкава ќе биде цената на порција магарешко сирење, но таа дефинитивно ќе биде огромна со оглед на високата откупна цена од фармата „Засавица“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе