На ИМДБ се води вистински македонско-бугарски натпревар за „Трето полувреме“, па кој сака нека клика

Бугарските провокации и местенки за филмот „Трето полувреме“ не престануваат. Освен жестоките реакции на нивните политичари и историчари, ништо помлаки не се и интернет-форумите на бугарски јазик.

Бидејќи „Трето полувреме“ почна да урива рекорди и на imdb.com, бугарските форумџии пред некое време се пуштиле во акција – на повеќе бугарски форуми стојат повици до „хората“ да ја кликаат најниската оценка 1 за филмот на Дарко Митревски, наш кандидат за оскар, за да се намали високиот рејтинг на филмот – 9,6.

На ова, се разбира, не останаа рамнодушни и Македонците, па и тие се пуштија во акција. Рејтингот во моментов е стабилизиран на оценката 8,7, а бројот на кецовите и на десетките расте пропорционално, па ниту една од страните не успева да надвладее.

Бујрум линк, па дајте ја својата оценка за „Трето полувреме“, топлата и емотивна приказна за љубовта, фудбалот, за онаа Македонија во која сè уште имало херои: http://www.imdb.com/title/tt2069100/?licb=0.06512794667730026

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе