Владата донесе нови мерки за помош на земјоделството и занаетчиството

Половина од трошоците за брендирање на земјоделски производи ќе ги покрива Владата, која ќе покрива половина од трошоците за брендирање. Добивање ознаки за квалитет во делот на земјоделските производи е предвидено со законот, а досега се брендирани девет производи.

Оваа нова владина мерка ќе почне да важи догодина.

Портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев изјави дека целта на оваа мерка е да се зголеми бројот на брендирани земјоделски производи, кои пак ќе придонесат поголеми приходи за преработувачите.

Трошоците за изработка на елаборатот и за потребните анализи за брендирање на земјоделски производ се движат од 5-10 илјади евра.

„Пет проценти дополнителна финансиска субвенција од вкупната вредност на продадените производи ќе добие субјектот кој ќе се стекне со знакот за квалитет и со тој знак ќе ги продава производите на пазарот, а примарните производители пак ќе добиваат дополнителни субвенции доколку своите производи ги даваат на преработувачи кои користат знак на квалитет и тоа во висина од 0,5 денари по литар или  килограм предаден производ. На пример доколку некој  млекопроизводител го даде своето млеко на преработувач кој производува брендирано сирење тој покрај субвенцијата од 3,5 денари по литар млеко, ќе добие дополнителен половина денар по литар или вкупно четири денари, или пак кај произведувачот на пиперка вкупната субвенција ќе биде три денари“, рече Ѓорѓиев.

За се ова Владата ќе подготви брошури и прирачници, а ќе бидат спроведени и обуки.

„Со целиот овој спектар на подршка за брендирање на земјоделските производи, планот е да се подигне нивната пазарна конкуреност и препознатливост, со што на пазарот би добивале повисоки цени токму заради квалитетот. Субвенциите пак кон примарниот земјоделски производ ќе овозможат поголема вертикална интеграција на пазарот и соработка на производителот со преработувачот“, рече Ѓорѓиев.

Досега меѓу брендираните производи се кочанскиот ориз, малешевското бело сирење, старо бачило - бело сирење, тетовскиот грав, овчеполскиот мед, македонскиот ајвар...

Владата ќе даде подршка и на занаетчиството. Од следната година дефицитарните занаетчии нема да плаќаат комунална такса. Државниот завод за статистика на својата интернет страница ќе објавува листа на занаети во исчезнувања и оние кои се занимаваат со тие занаети во таа година ќе бидат ослободени од обврската за плаќање комунална такса. Меѓу дефицитарни занаети според првичните анализи се саатчија, производство на музички инструменти, ковач, грнчар, лимар, казанџија, свеќар, крзнар, корпар-сувенирџија, самарџија, шапкар..., но конечната листа ќе ја утврди статистиката.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе