Рисовите Марко и Ристе добија друштво - Мартин (ФОТО)

Мартин е името на третиот рис, кој пред два дена Македонското еколошко друштво (МЕД) го залови на планината Стогово, Кичевско.

По Марко и Ристе, ова е трет рис што МЕД ќе го следи во рамките на проектот „Статус, екологија и окупираност на територијата на критично загрозениот балкански рис во Македонија и во Албанија“. За две и пол години ова е трет рис на кој му е ставен околувратник со ГПС-уред, со кој се следат движењата на рисовите. Првиот рис, Марко, беше заловен во Националниот парк Маврово (во март, 2010 година), а Ристе во март 2012 година на територијата Лопушник-Кичево.

Рисот Мартин е на возраст од 3 до 5 години, со должина на телото од 98 сантиметри и тежина од 24 килограми. По фаќањето, рисот беше успан и детално измерен, беа земени крв и влакна за генетска анализа и поставен му е околувратникот.

Податоците и од овој рис ќе бидат од извонредно научно значење и ќе се искористат за да се дознае повеќе за биологијата и екологијата на балканскиот рис. Со споредбена анализа на претходно добиените податоци од движењето на веќе заловените рисови Марко и Ристе, ќе се увиди и дали оваа единка зафаќа блиска територија на движење. Сите добиени информации во иднина ќе бидат искористени за изработка на конкретни предлог мерки за заштита на ова животно“, соопштија од МЕД.

Тимот на Македонското еколошко друштво, составен од Диме Меловски, Ѓорѓе Иванов, Александар Стојанов, Васко Авукатов и Светлана Пејовиќ, веќе седма година ја спроведува Програмата за закрепнување на балканскиот рис.

 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе