Македонските еколози заловија уште еден рис


Марко и Ристе добија друштво. И трет рис во Македонија доби ГПС-околувратник со која членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе можат детално да ги следат движењето и навиките на рисот.

Третиот рис е фатен вчера на планината Стогово, Кичевско, а по поставувањето на околувратникот е пуштен. За време на заспивањето на рисот земен е и генетски материјал, кој исто така ќе биде испитуван од експертите на МЕД, кои веќе седма година работат на проектот за закрепнување на балканскиот рис.

Рисот Марко, кому прв му беше поставен ГПС-околувратник, беше заловен во замка во март 2010 година, во Националниот парк Маврово.

Вториот рис со истиот метод беше фатен и ослободен во март 2012 година на територијата на ловиштето „Душегубица“ на Македонски шуми, подружница Лопушник-Кичево, соопшти МЕД.

Прес-конференцијата за новонајдениот рис, со презентација на слики, ќе се одржи утре, 2 ноември, во НВО Инфоцентарот во Скопје, со почеток во 10 часот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе