Колку луѓе митингуваа вечерва на скопскиот плоштад?

Еве малку Гугл математика. Ако плоштадот „Македонија“ во Скопје има околу 7.700 квадратни метри, и ако од тоа се извади квадратурата на фонтаната „Воинот на коњ“, за митингување останува малку повеќе од 7.000 квадратни метри.

Е сега, ако имало 70.000 присутни, тогаш 10 луѓе на еден квадратен метар е навистина претесно, како во метро во Кина. Ако, пак биле 11.000, тогаш на митингот на опозицијата имало од 1,5 човек на еден квадратен метар. Тоа, пак, видео и фото материјалите не го покажуваат.

Ако земеме дека при вакви митинзи се смета некаков просек од 4 лица на еден метар квадратен, тогаш најверојатната бројка за присутноста на митингот е околу 25 илјади.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе