Николиќ, Дачиќ и Канческа заедно ја прославија 100-годишнината од Кумановската битка

Претседателот и премиерот нa Република Србија Томислав Николиќ и иВица Дачиќ денеска присуствуваа  на одбележувањето на 100-годишнината од Кумановската битка пред споменикот Зебрњак, во кумановската општина Старо Нагоричане.

„Денеска од Зебрњак, Србија и Македонија испраќаат порака за мир, соработка и разбирање на регионот и светот“, рече Николиќ, заблагодарувајќи им се на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски за можноста за одбележување на овој историски настан, кој е од витално значење за Србија.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се приклучи на идејата на претседателот на Србија за решавање на спорот помеѓу МПЦ и СПЦ, рече дека Македонија и Србија имаат заеднички интереси.

„Двете држави ги врзуваат многу заеднички работи и интереси и мислам дека треба сите проблеми да се решаваат со преговори. Македонија и Србија се две пријателски земји и два пријателски народи и апсолутно ни е во интерес да се отстрануваат сите спорни прашања“, вели Дачиќ.

Тој одговараше и на новинарско  прашање за можна прослава на 2 Август во Прохор Пчињски, при што истакна дека Владата на Србија постои само три месеци.

„Во секој случај сакаме сите прашања да се решаваат договорно, па така и прашањето за одбележување на Илинден наредната година. Многу е битно што денеска е одржана оваа прослава и што е во организација и во договор со македонската Влада и тоа е многу позитивно“, изјави Дачиќ по прославата.

На денешната прослава во Зебрњак присуствуваа високи делегации од Србија, како и македонската министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Церемонијата започна со интонирање на македонската и на српската химна. Бројни делегации положија венци на споменикот, а прославата опфати и културно-уметничка програма, јави МИА.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе