Македонија за луѓето од Ц. Звезда е само „поранешна јужна покраина во СФРЈ“?!

Скопски МЗТ Скопје со златни букви ќе биде ќе биде запишан во историјата на македонската кошарка како прва екипа од оваа некогашна јужна покраина на СФРЈ, која учествува во регионалната лига.

Принт-скрин од спорната вест на сајтот на Ц. ЗВезда

Со оваа реченица почнува најавата на утрешниот кошаркарски натпревар од 6. коло помеѓу МЗТ и Црвена звезда на официјалната интернет-страница на тимот од Белград, која воопшто не е спорна се до делот во кој на нашата држава случајно или не се минимизира улогата во поранешната заедничка државата односно наместо како една од шестте рамноправни републики се именува само како некоја си јужна покраина во некогашна СФР Југославија.

Ваквата провокација може да се сфати само како дел од специјалната војна што веќе две недели се води од таборот на црвено-белите во одос на македонскиот тим, а која почна уште пред две недели кога еден вработен во клупскиот сајт на спортското друштво Ц. Звезда сосема непотребно ја нарече расистичка скопската публика по што дојдоа лавина лоши извештаи поврзани со МЗТ во голем број медиуми во поранешна СФРЈ.

„Не е наш проблем што некој ги скокнал часовите од историја па Македонија, која отсекогаш била република во СФРЈ одеднаш, на официјалниот сајт на Ц. Звезда, ја именува како јужна покраина во поранешната заедничка држава. Ние не можеме да влијаеме врз нечие мислење, но една таква реченица во најмала рака е некоректна, а воедно не одговара и на вистината“, вели Видоја Секуловски, генералниот извршен директор во таборот на „металците“ за српскиот весник „Новости“.

Изминативе два дена во срспките медиуми може да се прочитаат низа написи во кои се критикува соопштението што управата на МЗТ Скопје вчера го лиферуваше во јавноста, а во кое се предупредува на можност од однапред режирани инциденти од страна на гостинските навивачи налик на тие од минатата недела во Подгорица. Се критикува и одлуката во салата „Борис Трајковски“ во Скопје за време на утрешниот меч да не биде дозволено внесување на транспаренти и обележја на Ц. Звезда поради забраната што стои во пропозициите за натпреварување во АБА-лигата за организирано присуство на гостински навивачи.

„Мислам дека во соопштението на клубот се е напишано концизно. На ваков чекор се решивме првенствено поради превентива бидејќи сакаме средбата со Ц. Звезда да бие вистински празник на кошарката  во Скопје, а не тој дуел да се памети по нешто грдо. Се обративме до навивачите достоинствено да го бодрат МЗТ  и навистина не гледам ништо лошо во нашата желба превентивно да делуваме“, дополнува Секуловски.

Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Ц. Звезда е закажан за утре со почеток во 17 часот. Интересот е огромен, билетите се продаваат „како алва“ и се очекува трибините во „Борис Трајковски“ првпат откако почнаа настапите на сино-белите во АБА-лига да бидат исполнети до последното место.

Креирањето на дополнителни нивоа на таканаречен непродуктивен јавен долг е закана за одржувањето на стабилноста на јавните финансии на подолг рок. Нешто брзо ќе треба да се менува.

повеќе

Кога се соочуваме со промени и предизвици, една од нашите најсилни карактеристики е способноста за приспособување.

повеќе

Државата, идентитетот, јазикот, нема да ги загубиме ни поради тиранската платформа, ни поради преспанскиот договор, ни поради бугарското вето, туку само поради економското систематско уништување на Македонија од страна на нашите тајкуни и нивните служители, политичките лидери.

повеќе