Станови за децата без родители

Владата обезбеди станови за 186 деца без родители што по завршено средно образование ќе излезат од домовите каде што се згрижени.

Ова денеска го соопшти Цветко Грозданов, директор на друштвото за изградба и стопанисување станбен и деловен простор. Становите се распределени низ сите градови во земјава и повеќето од нив се новоизградени.

Станува збор за опремени станови што ќе бидат во сопственост на тие деца. Истите ќе можат да ги користат целиот свој живот, но нема да смеат да ги продаваат.

„Имаме цел 10 отсто од секоја комерцијално изградена зграда да биде наменета за децата без родители и за социјално ранливи семејства. Сакаме да излеземе од практиката цели згради да се наменуваат за овие деца и да ги сместуваме во различни. Тоа го правиме за нивна подобра социјализација“, истакна Грозданов.

Во периодот од јуни 2011 до истиот месец годинава биле продадени 330 комерцијални станови, а доделени се 220 социјални.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе