Дуелот на германските „џебни ракети“: БМВ м135и против ауди рс3 (ВИДЕО)


Крис Харис е еден од најпопуларните британски автомобилски критичари на Интернет, и тој во ова видео ги споредува двата најбрзи и најмоќни европски хечбек автомобили – ауди рс3 и новиот БМВ м135и.

Според Крис, кога два германски автомобили од истата категорија ќе се најдат „очи во очи“ на пазарот, тие се најчесто многу слични – во цената, изгледот и перформансите. Но ситуацијата тука е поинаква.

Ауди рс3 има 2,5-литарски турбобензински мотор со 340КС и погон на сите четири тркала во комбинација со ДСГ менувач, и од 0 до 100 км/ч стигнува за 4,6 секунди.

Неговиот баварски ривал, м135, ја користи најновата изведба на 3,0-литарскиот 6-цилиндарски мотор на БМВ, со 320КС, со погон и на задните и на сите четири тркала. Во комбинација со 6-брзински мануелен менувач спринтот до 100 км/ч трае 5,1 секунда, додека 8-брзинскиот автоматик го скратува времето на 4,9 секунди.

Но најголемата разлика меѓу овие два модели е цената. Во Европа ауди рс3 е речиси за 20 отсто поскап од м135и, што значи дека разликата може да достигне неверојатни 10.000 евра.

Уживајте...

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе