„Кемет електроникс“ почна да работи во Бунарџик

Американската компанија „Кемет електроникс“  денеска отвори нова фабрика во Скопје за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија.

Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои  9.000 се производствен капацитет.

Денеска почнаа да работат две производни линии, а предвидено е да бидат пуштени уште седум. Засега вработени се 100 лица, а планирано е вработување на вкупно 500 лица.

На свеченоста присуствуваше и македонскиот премиер кој истакна дека биле потребни помалку од две години откако почнале разговорите и неполна година до почетокот на изградбата за „Кемет електроникс“ да има функционална фабрика во Македонија, што говори дека станува збор за добар тим со одлична организираност.

Главниот извршен директор на „Кемет електроникс“ Пер Луф информираше дека одлуката да се отвори фабрика во Македонија била донесена поради квалитетот на луѓето во државата и заради мудрата и паметна маркетинг тактика на македонската Влада.

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

Пред точно 72 години, во Долно Јаболчиште се случи нешто кое драстично го смени текот на партизанското делување на овие простори, како и текот на македонско-албанската комуникација, соработка и коегзистинеција.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе

Проблемот е познат и добро простудиран од други аналитичари. Според некои изгубениот идентитет на СДСМ е основен, според други понудата на оваа партија не е доволна, според трети проблемот е во делувањето...

повеќе