„Кино око“ организира проекции на „Трето полувреме“ и во местата што немаат киносали

„Кино око“, продуцентот на филмот „Трето полувреме“, кој вчера почна претпремиерно да се прикажува во киното Милениум секој ден до четврток од 11.55 часот, ги известува сите општини во Македонија што немаат киносали, а чии жители би сакале да го гледаат филмот, да испратат мејл на мејл-адресата contact@kinooko.com.mk, заради договор за евентуална соработка.

Општината треба да обезбеди само каква било сала за проекцијата, а продуцентската куќа ќе ја донесе потребната опрема за прикажување на филмот.

Филмот предизвика голем интерес и пред премиерата на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а особено по неа, па целта на „Кино око“ со оваа акција е да им овозможи да го видат „Трето полувреме“ и на оние граѓани што немаат киносала во местото во кое живеат.

Скопската премиера на филмот ќе се одржи в четврток, 27 септември, во киното Милениум, а потоа тој ќе продолжи на се прикажува на редовниот репертоар.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе